Новиот чипсет „Снепдрагон710“ од средна класа е на пат да стане многу популарен.
Според германскиот новинар Роланд Кванд, „ХМД Глобал“ во моментов развива паметен телефон на „Нокиа“ кој ќе го користи новиот „Квалком“ процесор. Уредот е со кодно име „Phoenix“ и најверојатно ќе биде претставен на есен.
Исто така, можно е да се види на саемот на ИФА Берлин во почетокот на септември. Тој може да биде наследник на „Нокиа 7 Плус“.
Очекувањата се во наредните месеци да видиме многу уреди кои ќе се потпираат на „Snapdragon 710“, а според гласините, ќе има „Пиксел“ модел од средна класа со кодно име „Бонито“.