Американската корпорација Епл ја претстави својата нова верзија на мобилниот оперативен систем ИОС, на годинешната конференција на компјутерските експерти, која деновие се случува во Сан Хозе, Калифорнија, и којашто трае пет дена.

Заменик претседателот на Епл, одговорен за надградба на софтвер, Крег Федериги појасни дека новиот ИОС 12 ќе има доста нови функции, поголема оперативност, заштита на податоците и брзина.

На пазарот може да биде пуштена најрано претстојнава есен.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2018 13:10