Албанската гранична полиција ги зајакна конторлите долж границата со Грција, поради зачестените обиди за влез на илегални мигранти.
- Зголемен е бројот на патролите во подрачјето на Девол, каде во последно време се почеста е појавата на влез на мигранти од блискоисточните земји, кои од Грција, преку зелениот појас, преминуваат на албанска територија, соопшти полициски претставник.
Според истиот извор, како што јави дописникот на МИА, мигрантите се главно од Сирија и Ирак, а во помал број и од Пакистан, Алжир, Јемен и Либија.
- Главна цел на мигрантите од блискоисточните земји е само транзит преку Албанија за да заминат за некоја од западноевропските дежави. Помал број од нив, откако ќе влезат на албанска територија, се јавуваат во Канцеларијата за миграција во Тирана, барајќи азил, додека мал број се враќаат назат во Грција, наведува претставникот.
Во сите овие случаи мигрантите се згрижуваат во Центарот за азил и сместување бегалци во Бабру, но секојденвното пристигнување на се поголем број странци ја става институцијата во „неповолна положба“.
Албанскиот премиер Еди Рама пред неколку дена соопшти дека во периодот јануари-мај во Албанија биле откриени околу 2.000 илегални мигранти, што е за 14 пати повеќе споредено со истиот период лани.
Поради зголемеиот број мигранти, директорот на Европската агенција за управување со надворешните граници - Фронтекс, Фабрис Леџери најави дека во северниот дел на Грција, на границата со Албанија, ќе бидат распоредени 45 офицери на Фронтекс со цел да се спречи мигрантскиот прилив.