Косовскиот премиер Рамуш Харадинај се откажа од одговорност за водењето на дијалогот со Белград, и таа обврска му ја предал на претседателот Хашим Тачи, објави Коха диторе.

Според весникот, Харадинај одлучил да му ја предаде на Тачи улогата на главен преговарач „како знак на протест поради две резолуции прифатени од косовскиот Парламент во 2011 и 2013 година“.

Кабинетот на премиерот ја потврди информацијата и наведува дека претседателот има такво право според Уставот. Прес службата на премиерот не ги објаснила мотивите за таа одлука.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2018 14:58