Подготвен сум на Србија да и ја доставам целокупната документација што ја поседувам за „тивкото свирепо убиство“ што го изврши НАТО со осиромашен ураниум, изјави еден од основачите на италијанската организација „Воена опсерваторија“, Доменико Лаџеро.
Организацијата на Лаџеро се години се обидува на јавноста да и достави докази за штетноста од користењето на бомбите со осиромашен ураниум по здравјето на војниците во меѓународните мисии.
- Апсолутно и стојам на располагање на Србија и сакам да и помогнам да ја докаже штетноста, изјави Лаџеро за „Вечерње новости“.
Тој тврди дека поседува докази оти САД пред повеќе години го информирале НАТО за опасноста од осиромашениот ураниум по здравјето на војниците.
- НАТО ја криеше оспаноста од ефектите од осиромашениот ураниум. Зошто американските војници во Косово имаа специјална заштита, а италијанските не? Затоа што ним (на Американците) им било кажано какви се последиците по здравјето од таквото оружје, додава Лаџеро.
Според него, за негативните последици од употребата на бомби со оеиромашен ураниум се знаело уште од 1990 година за време на Првата заливска војна во Ирак, но дека тие податоци се криеле од јавноста.
Тој вели дека бомби со осиримаше ураниум биле користени и при нападите на НАТО врз позиците на силите на босанските Срби кон средината на 90-те години на минатиот век за време на Војната во БиХ.
- По бомбардирањето на Хаџиќи подоцна починаа голем број жители на општината. Имам впечаток дека тоа во Босна се маскира поради ордедени интереси, истакнѕва Луџеро,
Српскиот Парламент минатиот месец формира посебна комисија која треба да ги испита негативните последици по здравјето на луѓето од користењето на бомби со осиромашен ураниум при нападите на НАТО врз поранешна СР Југославија во 1999 година.