Во „Паркот Пушкин“ во Општина Кисела Вода денеска со пригодна свеченост ќе биде одбележан денот на раѓањето на големиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин.
Одбележувањето на 219 години од раѓањето на Пушкин е во организација на Општина Кисела Вода и Амбасадата на Руската Федерација во Македонија кои оваа година по десетти пат ќе го чествуваат ликот и делото на големиот руски и светски поет. Во исто време, ќе се прослават и јубилејни 10 години од поставувањето на споменикот и оддржувањето на традиционалната манифестација „Пушкинови денови“.
По положувањето на цвеќе пред бистата на Пушкин, манифестацијата „Пушкинови денови“ ќе продолжи со музички изведби, читање на руска поезија. Ќе настапат Рускиот вокален ансамбал Чајка, КУД Славјанка, Фил - Фак, Асоцијацијата по изучување на рускиот јазик Озарение, кореографското студио Лајф Витал, ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово, победници на натпреварот за руска песна во Софија.