Светски познатите рок бендови Тексас, Морчиба и француската атракција Нувел Ваг (Nouvelle Vague) и дуото Аксвел ен Ингросо (Axwell & Ingrosso) и Алан Вокер (Alan Walker) во делот на електронската музика се главни ѕвезди на трето издание на Скопје Колинг 2018 кое ќе се одржи од 21 до 24 јуни во Скопје.
Фестивалот, на стадионот на АРМ, ќе го отворат Аксвел ен Ингросо, втората вечер на 22 јуни настапуваат Морчиба и Нувел Ваг. На 23 јуни вечерта е резервирана за љубителите на рок музиката, гостувањето на еден од најголемите британски бендови на сите времиња-ТEXAS, кои прв пат доаѓаат во регионот. Првпат на голем концерт на отворено во Скопје ќе може да го видиме и Дарко Рундек со неговиот бенд.Четиридневниот фестивалски спектакл на 24-ти јуни ќе го затвори последната голема ѕвезда на електронската музика, Aлан Вокер.
Денис Илиоски од Авалон Продукција на денешната прес конференција изјави дека сите артисти кои доаѓаат оваа година на Скопје Колинг се дел од нивните светски турнеи, а тие како продукција прават напор наместо нашите фанови да одат на светски фестивали, тука да донесат публика од другите држави.
- Во светски нормативи, летните турнеи се веќе започнати.Секаде во светот најголемите фестивали одат еден по еден и тоа беше добар момент да ги искористиме тие турнеи да ни дојдат кај нас на Скопје Колинг. Посебно задоволство е што оваа година ги имаме во прва година на турнеја, значи во година кога објавуваат нови турнеи. Вообичаено, било за Македонија да пробаме да ги украдеме за следната година, но како резултат на долгогодишната работа, а и етаблирањето на самиот фестивал во светски рамки добивме шанса да во прва година на турнеи добиеме вакви имиња, вели Илиоски.
Бендовите имаат посебни барања, но пред се во техничкиот дел, односно на обезбедување перфектна бина, звук, светло, техника, останатиот дел, додава Илиоски е класична гостопримливост, која подразбира добри хотели и добар кетеринг.
Спопред Авалон Продукција, ова е најголем музички настан од независноста на Македонија, затоа што во Скопје досега на едно место во четири дена немало толку многу квалитетни светски музички артисти, што го прави SKOPJE CALLING уникатен фестивал ова лето во Македонија. Очекуваат околу 15.000 посетители од земјата и од регионот, а продажбата на билетите, велат, оди одлично.
Ова е трета година на фестивалот Скопје Колинг. Првата година меѓу ѕвездите кои ги донесе фестивалот беше Давид Гета, лани Мартин Гарикс. Фестивалот овозможува и настап на домашни диџеи како поддршка на ѕвездите на фестивалот