Италијански научници и готвачи тврдат дека вегетаријанската пица штити од рак и срцеви заболувања, па претставија нова пица - „Паскалина" што го носи епитетот „пица којашто го продолжува животот”, пренесува „Дејли Меил“.
На неа нема ни сирење, ниту месо, намирници кои се масни и коишто стручните лица ги поврзуваат со срцевите заболувања. 3акуската содржи домати, маслинки, рапини (вид брокула), екстра-лесно маслиново масло, лук и лути пиперчиња. Овие состојки го намалуваат ризикот, како од кардиоваскуларни болести, така и од рак на системот за варење, особено ракот на дебелото црево.
Научниците сметаат дека т.н. „медитеранска исхрана” помага и во битката со гојазноста, но и со мозочните проблеми.
Една од „тајните“, се чини, е ликопенот - антиоксидант којшто го има во лушпата од доматот, она што му дава црвена боја. Се смета дека ликопенот го спречува растот на туморот, па дури и дека го намалува.