Македонија го победи Косово со 3-0 синоќа во последниот натпревар од А групата Европска лига.
Македонските одбојкари беа подобри и заслужено остварија максимален триумф. Резултатот по сетови: 25:17, 25:10 и 25:21.
По шесте рунди во групата, Македонија е трета со две победи и четири порази, но од претходно беше одредена за домаќин, а со тоа автоматски обезбеди настап на завршниот „фајнал фор“ турнир.
Од А-групата во завршницата се пласира и првопласираната Летонија, додека Австрија и Косово ги завршија настапите.
Полуфиналисти од Б-групата се Белорусија и Хрватска, додека Албанија и Унгарија остануваат без Ф4.
Завршниот турнир во Скопје е закажан за 15 и 16 јуни во Скопје.