Членот на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден е прогласен за најдобра играч во сезоната од страна на кошаркарите кои настапуваат во НБА лигата.

„Брадата“ доби најмногу поени во гласањето чии резултати ги објави „ЕСПН“.

28-годишниот дефанзивец во просек во сезоната реализираше 30,4 поени; 8,8 асистенции и 5,4 скока.

Неговиот тим стигна до полуфиналето од плејофот, каде што загуби од Голден Стејт со 3-4.

Харден веќе беше прогласен за МВП од страна на кошаркарите во сезоната 2014/15



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2018 12:11