Дефанзивецот на Реал Мадрид и Бразил, Марсело од кампот на „Селесао“ ги коментираше гласините за евентуалното напуштање на Кристијано Роналдо и доаѓањето на Нејмар.

Бекот призна дека сака Португалецот да остане на „Сантијаго Бернабеу“, но во исто време го повика играчот на ПСЖ да дојде во Мадрид.

Во меѓувреме, шпанскиот весник „Марка“ на својата насловна страница денеска излезе со наслов: „Кристијано е сериозен и сака да го напушти Мадрид“.

- Кристијано не е сопственик на Реал Мадрид. Ако претседателот сака да привлече некого, тој ќе го привлече. Зошто Кристијано и Нејмар да не можат да играат заедно? Секој во соблекувалната сака Кристијано да остане. Вратите за Нејмар се секогаш отворени. Еден ден, Нејмар ќе игра во Реал Мадрид“, рече Марсело.вз

Бразилецот зборуваше и за вербалната „војна“ помеѓу Серхио Рамос и Роберто Фирмино. Шпанецот праша шеговито дали Фирмино ќе го обвини дека добил настинка од негова капка пот, по што играчот на Ливерпул го нарече противникот „идиот“.

- Нема да коментирам, но имам свое толкување. Можеш да наречеш некого идиот, но секогаш треба да имаш почит кон свој колега, изјави бекот на „кралевите“.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2018 12:52