Поради одржување на брзинско – ридски натпревар во автомобилизам викендов ќе има привремен сообраќаен режим на дел од улицата „Тодор Александров“ и патот кон Средно Водно, информираат од Град Скопје.

Затворени за сообраќај ќе бидат улицата „Тодор Александров“, на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија и патот до Средно Водно во сабота од 08 до 16 часот и в недела од 08 до 15.30 часот.

Од Град Скопје, исто така, информираат дека возилата на автобуските линии кои го поврзуваат градот Скопје и Средно Водно, 25, 25А и 25Б нема да сообраќаат, освен автобуската линија 25 со редовен возен ред по 16 часот во сабота, односно 15:30 часот во недела.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2018 13:02