Филмот „Златна петорка“ на режисерот Горан Тренчовски синоќа беше прикажан во киноклубот „Отец Паисиј“ во бугарскиот град Созопол, во рамки на 8. Меѓународен франкофонски фестивал „Солеј“ и како дел од проектот „Поврзување“ на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. Филмот неодамна имаше специјална проекција и на 6. Фестивал на европскиот филм „Златна липа“ во Стара Загора, каде присуствуваше и режисерот Тренчовски како член на меѓународното жири. Како што соопшти продукцијата „Револушн“, на 25 јуни филмот ќе биде прикажан и на Интернационалниот филмски фестивал во Равно Село, основан од познатиот актер Лазар Ристовски, а во август ќе биде прикажан во Локарно. Продолжува и дистрибуцијата на филмот низ градовите во Македонија и од утре ќе се прикажува во Домот на културата во Радовиш. Досега филмот е прикажан на сите континенти, учествувал на 23 фестивали, освоил 10 награди и го виделе над 80 000 гледачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2018 14:56