Невреме проследено со дожд, силен ветер, град и грмотевици го зафати скопското подрачје.
Од УХМР информираат дека ветерот достигнува повремено брзина и над 80 киломери на час.
Нестабилното време се движи од запад кон исток и на север. Во поладневните часови ќе се преместуваат кон исток. Попладне процесите ќе бидат поинтензивни и локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.
Резултатот од невремето кое го зафати Скопје се паднати дрва, искршени коли, срушени тенди, блокада на улици. поплави во местата каде што нема атмосферска канализација....