Невреме проследено со дожд, силен ветер, град и грмотевици го зафати скопското подрачје.

Од УХМР информираат дека ветерот достигнува повремено брзина и над 80 киломери на час.

Нестабилното време се движи од запад кон исток и на север. Во поладневните часови ќе се преместуваат кон исток. Попладне процесите ќе бидат поинтензивни и локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Резултатот од невремето кое го зафати Скопје се паднати дрва, искршени коли, срушени тенди, блокада на улици, поплави во местата каде што нема атмосферска канализација....

Како и при секоја временска непогода, така и при денешната повторно ќе слушнеме дека „Градските власти“ се изненадени од временските неприлики и дека тоа неможело да се предвиди. А превенцијата во текот на целата година... Што ли беше тоа!?



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2018 13:11