Екипата на Химки обезбеди учество и следната сезона во кошаркарската Евролига, откако успеа да се пласира во финалето на завршниот турнир во ВТБ лигата.
Химки во полуфиналето го победи Уникс со 76:71. Претходно од руското првенство место во елитата си обезбеди и ЦСКА Москва која финале во ВТБ лигата избори по победата над Зенит со 84:67.
Финалето во ВТБ лигата е закажано за утре (10 јуни).
Последниот учесник во елитната Евролига ќе биде познат по завршувањето на финалната серија од германскиот плејоф во која учествуваат Баерн Минхен и Алба Берлин.