Федералниот хидрометеоролошки завод издаде портокалов метеоаларм за северните региони на Босна и Краина, каде што денеска се очекува невреме со дожд и грмотевици, а на некои места и град.

Во останатите региони на Босна и Херцеговина на сила е жолт метеоаларм.

Портокаловиот метеоаларм се издава како предупредување од невреме кое може да предизвика штета и опасност по човечките животи.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2018 14:47