На Водно кај Скопје денеска беа возени трки од домашниот шампионат на ридско-брзински трки. Бодови освоија првите три возачи од секоја категорија: А-1150, N-1400, E1-1600, E1-2000, N/SP-2000, E1+2000.
Во конкуренција на клубови победи АКК „Никола Карев“ со 26 бода.
Второто место му припадна на АКК „АВТОКЛИНИКА СПОРТ“ со 22 бода, а трет беше АКК „ПРИМО АВЈ“ со 20 бода.
Дел од трката (ревијално) беше и македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе кој пред македонската публика го претстави автомобилот „Hyndai“ подготвен по ТЦР спецификација со кој настапува во ТЦР Европскиот шампионат.