Хуманитарен настан „Да растеме заедно” ќе се одржи денеска во Скопје во организација на невладината организација „Аутизам ААМК” .
Целта, како што велат организаторите, е да се помогне во едукацијата, инклузивноста и различноста на лицата со аутизам во рамките на поширокото општество.
Хуманитарниот настан „Да растеме заедно” има за цел да сузбие секаков вид дискриминација во општеството, вклучително и на лицата со аутизам. Основна цивилизациска придобивка на секое општество е секој поединец да биде почитуван и рамноправно вклучен во општествените, социјалните и едукативни процеси.
- Настанот се состои од аукција и лотарија. Во аукцијата со свои дела ќе учествуваат 15-тина уметници од Македонија, Велика Британија и Холандија. Лотаријата изобилува со разновидни награди за што се погрижија околу 30-тина индивидуалци и организаци, велат организаторите.
Собраните средства од настанот ќе бидат наменети за помош на семејствата со лица со аутизам.