За време на пливачкиот натпревар „Скопје Опен“ Пливачката Федерација на Македонија во соработка со Градскиот пливачки сојуз и Агенцијата за млади и спорт организираше семинар за обука на судии каде свое излагање имаше лиценциран ФИНА судија Гордана Величковиќ од Словенија.

Воедно беше одржана и јавна трибина на тема „Стратегија за развивање на пливачкиот спорт во Р. Македонија 2018-2028" каде свое предавање имаа Јенштеле Јоже, директор на Државен завод за изградба и одржување на спортски објекти и базени на Словенија, Игор Величковиќ, директор на завод за спорт во Крањ и селектор на пливачката репрезентација на Словенија и г-дин Марјан Соколовски пливачки тренер и генерален секретар на ПФМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2018 11:05