Се одржаа првите тренинзи пред трката за ГН на САД во Лас Вегас. Луис Хамилтон во Мерцедес беше најбрз и на двата.

Седумкратниот светски шампион покажа дека се уште не ја завршил мисијата во Мерцедес. Тој беше најбрз на двата тренинзи досега.

Во првиот забележа време од 1:35.001. На дополнително задоволство на сите во „сребрените стрели“, веднаш до него беше тимскиот колега Џорџ Расел, со аостанување од 396 илјадити делови од секундата. Трет беше Ландо Норис со Мекларен, единствениот во секунда - 953 илјадитинки заостанување.

Истата тројка беше на првите три места на вториот тренинг. Хамилтон повторно беше прв со време од 1:33.825. Овој пат Ландо беше втор со само 11 илјадитинки заостанување, додека Расел трет со 190 илјадитинки заостанување.

Актуелниот светски шампион и лидер во генералниот пласман Макс Верстапен беше петти на првиот тренинг, а едвај 17-ти на вториот тренинг. Тимот на Ферари покажа добра форма. Шарл Леклер беше четврти на првиот тренинг, петти на вториот тренинг, а Карлос Саинц беше шести на првиот и четврти на вториот тренинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2024 16:59