Кошаркарот на Голден стејт, Кевин Дурант изјави дека е горд што е избран за најдобар играч, бидејќи доаѓа од тим во кој сите кошаркари се одлични.
Дурант повторно беше прогласен за МВП на финалната серија, во која Голден стејт со 4:0 го совлада Кливленд и ја одбрани титулата во НБА лигата.
Откако на Дурант му беше доделено признанието МВП во јавноста се појавија и гледишта дека оваа титула можеби требаше да му припадне на најдобриот кошаркар на Кливленд, Леброн Џејмс.
- Лесно е да се биде најдобар играч во слаб тим. Тешко е да се истакнете кога околу вас има одлични играчи. Се гордеам од начинот на кој се издвоив, бидејќи работам напорно каде и да одам. Моите соиграчи ме поттикнуваат да бидам уште подобар, нагласи кошаркарот на Голден стејт.
Дурант сезонава во просек постигна по 28,8 поени, 10,8 скокови и 7,5 асистенции.