Капитенот на кошаркарската репрезентација на Франција веќе е дел од армијата на својата земја. Триесет и шестгодишниот Борис Диао официјално беше впишан како дел од „резервите“ во поморската база во Тулон, откако на официјална церемонија доби поморска беретка. Диао се врати во Европа по речиси 15 години во НБА и минатата сезона беше дел од Левалоа Митрополитот во француската Про А. На крајот на овој месец ветеранот ќе биде дел од составот на националниот тим, кој ќе игра квалификации за Светското првенство со БиХ и Русија. „Петлите“ се лидери во својата група со четири победи од четири меча.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2018 16:19