Селекторот на Македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалес пред реванш-дуелот со Романија за пласман на СП 2019, повика на максимална внимателност и предупреди дека Македонија мора да одигра уште еден одличен натпревар, доколку сака да се пласира на Мундијалот во Германија и Данска.
Македонија има осум гола предност од првиот меч во Скопје (32-24).
- Потребно е да одиграме како што игравме во Скопје. Сите во Македонија се многу сигурни дека ќе се пласираме на СП, но мора да се одигра како што треба и во реваншот. Ако отворат со 3-4 гола разлика за нив, тогаш имаат шанса да поминат понатаму, истакна селекторот на Македонија.
Гонзалес очекува дека селекторот на Романците, Чави Пасквал ќе промени нешто.
- Има шанси Романија затоа што имаат добри играчи и одличен тренер. Може да направат промени во нападот, но немаше многу време за промени во играта. Треба да бидеме мирни и сигурни. За мене не значи ништо кој е фаворит. Секогаш е потешко да играш на гостински терен, изјави Раул.
Натпреварот меѓу Романија и Македонија се игра утре со почеток во 17:30 часот по македонско време