FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 7денa до самиот старт!

Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.

7 – Додека Унгарија не била претставувана на светските првенства повеќе од 30 години, нејзиното име се појавува неколку пати во историските книги на првенствата, било да е тоа поврзано со Ференц Пушкаш и „Моќните Маџари“ во 1954 или нивниот рекорден натпревар против Ел Салвадор во 1982 година.

Иако Унгарија го напушти првенството после групните фази во Шпанија, нивната победа од 10-1 против Централно Американците останува да важи за најголемата победа во историјата на првенствата. Ласло Кис постигна три гола тој ден – за само седум минути. Напаѓачот воопшто не губеше време во пронаоѓањето на целта откако влезе како замена на Андрас Торосик во 56 – тата минута, постигнувајќи гол во 69 – тата, 72 –та и 76 –тата минута.

Извонредниот подвиг на Кис е најбрзиот хет-трик постигнат било кога на фудбалските светски првенства, додека пак тој е единствениот играч во историјата на првенствата кој влегол како замена и постигнал три гола на еден натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2018 02:58