FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 6 денa до самиот старт!
6 – “Беспрекорен фудбалер. Величествен одбранбен играч. Бесмртен херој во 1966 година. Првиот Англичанец кој високо го подигна Светскиот пехар. Омилен син на источниот дел на Лондон. Најдобрата легенда на Вест Хем. Национално богатство. Господар на Вембли. Мајстор на играта. Исклучителен капитен. Џентлмен на сите времиња.”
Секој посетител на стадионот Вембли кој стои пред величествената бронзена статуа на Боби Мур на патот кон Вембли може над неа да го прочита натписот за човекот кој и од страна на Пеле и од страна на Франц Бекенбауер беше сметан за џентлмен, пријател и најдобриот одбранбен играч со кој некогаш се соочиле.
Мур имаше само 22 години кога за прв пат како капитен ја предводеше Англија во победата од 4-2 над Чехословачка во 1963 година. Потоа тој ја носеше лентата на својата рака од летото во 1964 па се до неговиот последен интернационален натпревар деценија подоцна, вклучително и во текот на успешната кампања на „Трите Лава“ на светското првенство во 1966 година. Истата година тој стана првиот фудбалер кој ја освои посакуваната награда на ББС за спортист на годината и кој е награден со Орден на Британската Империја.
Овој одбранбен играч е несомнено еден од најдобрите играчи кои англискиот фудбал некогаш ги дал, носејќи го дресот со број 6 и за Англија и за неговиот клуб, Вест Хем Јунајтед. Во Август 2008, 15 години по неговата смрт, Вест Хем во знак на почит го повлече неговиот бројот кој стоеше на неговиот дрес.