FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 4 денa до самиот старт!
Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.
4 – Додека 56 играчи имаат учествувано на по две финалиња на фудбалските светски првенства, само четворица од нив имаат постигнато голови и во двата настапи.
Првиот пар кој постигна вакво достигнување беа Вава и Пеле, каде и двајцата ја погодија целта по два пати во победата на Бразил од 5-2 врз домаќинот Шведска во 1958. Вава постигна гол четири подоцна на првенството во 1962 година на патот кон победата од 3-1 врз Чехословачка, додека Пеле – кој како резултат на повреда го пропушти финалето во 1962, постигна гол со глава и го отвори патот кон победата на Бразил врз Италија со резултат од 4-1 во 1970 година.
Наредниот двоен голгетер беше Пол Брајтнер, кој постигна гол од пенал во триумфот на Западна Германија од 2-1 врз Холандија во финалето во 1974 година пред да постигне задоцнет утешен гол во поразот од Италија со резултат од 3-1, осум години подоцна.
Завршницата на оваа славна четворка е Зинедин Зидан, кој постигна два гола со глава во победата на Франција врз Бразил со 3-0 во 1998 и го постигна легендарниот гол од пенал на почетокот на финалето во 2006 против Италија пред Триколорите да го изгубат натпреварот во пенал рулетот.