FIFA 2018 Светското првенство во Русија е се поблизу – само 3 денa до самиот старт!
Во меѓувреме, до почетокот на Светското првенство, секој ден одблиску ќе погледнеме различни статистички податоци од историјата на првенството.
*3* Сосема со право бразилската легенда Пеле важи за еден од најголемите фудбалери во историјата, со оглед на фактот дека тој е единствениот играч кој три пати го има освоено Светското првенство.
Со само 17 години тој за прв пат се појави на првенството во Шведска во 1958, брзо докажувајќи се себеси како новата ѕвезда во спортот. Шест гола за четири натпревари, вклучувајќи два во победничкото финале против Шведска, беше феноменално достигнување за едно младо момче кое дебитираше на едно светското првенство.
Четири години подоцна во Чиле, повреда на вториот натпревар од групната фаза му ја одзеде шансата на Пеле уште еднаш на светската сцена да го покаже она во што е најдобар. Сепак, неговите бразилски соиграчи не го разочараа и му го донесоа вториот светски трофеј на во неговата кариера.
Во Мексико во 1970, Бразил победи на Светското првенство по трет пат, а улогата на Пеле во триумфот не може да биде потценета. Тој постигна значајни голови, одигра магични асистенции и само со своето присуство на теренот влеа страв во неговите противници. Неговиот рекорд на првенството најверојатно ќе остане подолго време.