Фејсбук постојано го нагласува фактот дека секој од нас избира каква содржина да сподели на неговиот или нејзиниот профил и кој може да ја види. Меѓутоа, може да биде многу тешко да се пристапи до сите информации што компанијата ги чува за вашата активност во социјалната мрежа. Проблемот овде е дека Фејсбук доста често, без знаење на корисниците, споделува податоци за активностите со нивните партнери за рекламирање. Непотребно е да се каже, оваа практика не им се допаѓа на многу луѓе. Тој веќе експериментира со нова функција, наречена „Memories“ (спомени), и ќе ни овозможи брзо да разбереме точно колку компанијата знае за нас. Всушност под ова име се крие дополнителна страница во профилите во која можеме да ги откриеме сите спомени кои сме ги споделиле со своите пријатели на социјалната мрежа, информира „СлешГир“. Другата цел на функцијата е да се фокусирате на фотографии, мислења или видео клипови што сте ги заборавиле и кои неодамна сте ги провериле на Фејсбук. Посебен дел ќе покаже што нашите пријатели на социјални мрежи поставиле и објавиле, на истиот ден што го бараме. „Фејсбук спомени“ сега се шири на глобално ниво, што ќе се случи во неколку фази. Ова значи дека мора да се стрпите пред да ја видите содржината што ви ја нуди функцијата. Дополнително известување ќе ве информира кога „Фејсбук спомени“ е достапен за вашата сметка од URL-то: facebook.com/memories.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2018 10:42