Дистрибуторите на горива во Муслиманско-хрватската федерација во Босна постигнаа договор со регионалната Влада за намалување на цените на горивата. Тоа се случува откако возачи во неколку наврати ги блокираа патишта во знак на протест поради високите цени.
- Постигнавме консензус да нема повеќе зголемување на цените на горивата, изјави Златан Вујановиќ, министер за трговија во владата на Федерацијата.
- Горивото ќе биде поевтино на некои бензиснки пумпи од денеска. Вујовиќ истакна дека владата и дистрибутерите на горива се договориле за рационализација на операциите и пониски цени за дистрибутерите што ќе овозможи цените да се намалат. Во измиантите денови имаше голем број протести на возачите со блокирање патишта во Босна и Херцеговина.