Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели го поздрави вчера постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција за прашањето на името, кој го оцени како „охрабрувачки модел“ за соседните народи, јавува дописникот на МИА од Приштина.

- Постигнатиот договор за името е извонредна и долгоочекувана вест за мирот и стабилноста во целиот регион. Тој служи како охрабрувачки модел за сите соседни народи, за да ги решат проблемите од минатото по пат на дијалог и меѓусебно разбирање. Мене посебно ме радува што благодарение на тоа на Република Северна Македонија и се одблокира патот кон зачленувањето во НАТО и ЕУ, напиша Весели.

Спикерот на косовскиот Парламент им честита и на сонародниците Албанци во Македонија за ова достигнување и им се заблагодари за „конструктивниот однос про-интеграциите кој го задржаа цело време“.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2018 12:10