Европската комисија денеска предложи европскиот одбранбен фонд да располага со буџет од 13 милијарди евра до 2027 година.
Средствата ќе бидат употребени за најсовремени технологии и опрема во области како криптиран софтвер и технологии за беспилотни летала. Новиот фодн обезбедува 4,1 милијарди евра за директно финансирање заеднички научни проекти. За расходи за прототипи и сертифицирање одбранбени технологии се предвидени 8,9 милијарди евра. Ќе бидат поддржани само заеднички проекти со најмалку тројца учесници од три држави од Европската унија.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини предложи оспособување европски механизам за подрршка на мирот – вонбуџетрски 10,5 милијарди евра за зголемување на европските способности за спречување конфликти, поддршка на мирот и за меѓународната безбедност.
Европскиот механизам за поддршка на мирот се очекува да ги подобри резултатите од финансирањето за воени мисии и акции по заедничката политика за безбедност и одбрана.