Французинот Џаст Фонтен со 13 постигнати голови на Мундијалот во Шведска 1958 година е најефикасниот играч на едно Светско првенство.
Најблиску до него по број на постигнати голови за време на еден планетарен собид на најдобрите фудбалски репрезентации е Шандор Кочиш кој 1954 во Швајцарија 11 пати ги тресел противничките мрежи.
Од поново време Бразилецот Роналдо во 2002 година на СП во Јапонија и Јужна Кореја постигна осум погодоци, а на последното (2014 во Бразил Џејмс Родригез од Колумбија реализира шест пати.
Најдобри стрелци на досегашните Светски првенства:
1930 година Уругвај / Гилермо Стабиле (Аргентина) 8 гола 1934 Италија / Олдрич Неједли (Чехословачка) 5 1938 Франција / Леонидас (Бразил) 7 1950 Бразил / Адемир (Бразил) 9 1954 година. Швајцарија / Шандор Кочиш (Унгарија) 11 1958 Шведска / Џаст Фонтен (Франција) 13 1962 Чиле / Гаринча (Бразил), Вава (Бразил), Леонел Санчез (Чиле), Дражен Јерковиќ (Југославија), Валентин Иванов (СССР), Флоријан Алберт (Унгарија), сите по 4 1966 Англија / Еузебио (Португалија) 9 1970 Мексико / Герд Милер (Германија) 10 1974 Германија / Гжегож Лато (Полска) 7 1978 Аргентина Марио Кемпес (Аргентина) 6 1982 Шпанија / Паоло Роси (Италија) 6 1986 Мексико / Гери Линекер (Англија) 6 1990 Италија / Салваторе Скилачи (Италија) 6 1994. САД / Христо Стоичков (Бугарија), Олег Саленко (Русија), по 6 1998. Франција / Давор Шукер (Хрватска) 6 2002 Јапонија / Јужна Кореја / Роналдо (Бразил) 8 2006 Германија / Мирослав Клосе (Германија) 5 2010 Јужна Африка / Весли Снајдер (Холандија), Давид Виља (Шпанија), Диего Форлан (Уругвај), Томас Милер (Германија) сите по 5 2014 Бразил / Џејмс Родригез (Колумбија) 6.