Постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција за прашањето на името, го поздрави лидерот на најголемата албанска опозициска партија Љуљзим Баша, оценувајќи го како повеќе од значаен.

- Постигнатиот договор меѓу двата соседа е повеќе од значаен и посакувам на Северна Македонија да и се отвори патот кон интеграцијата во НАТО, напиша претседателот на Демократската партија на Албанија, Баша на својот профил на Фејсбук.

Посочува дека договорот е чин на политичка зрелост и е заслуга на владите на двете земји, на политичките фактори во земјите и на меѓународните претставници кои ги подржуваа во заокружувањето на една тема присутна подолг период во регионот.

- Лично и во име на Демократската партија, честитајќи го успешното финализирање на овој договор за решавање на последната пречка, изразувам верба на што побрзото зачленување на Северна Македонија во НАТО, а понатаму за заедничко патување кон процесот полн со предизвици и надеж за интеграција во ЕУ на нашите две земји,-наведува Баша.

Претходно договорт го позрави и албанскиот државен врв, оценувајќи го како историски.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2018 13:14