Српската Влада постигна договор со делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за нов аранжман во траење од 30 месеци, кој нема да биде финасиски туку советодавен аранжман-(Инструмент за координација на политиките-ПЦИ), кој ќе биде потпишан во јули-соопшти ММФ по завршувањето на разговорите во Белград.

ПЦИ е нов инструмент кој ММФ го има воведено во 2017 година со цел давање на подршка на земјите како што е Србија, за кои е корисна рамката предвидена со програмот на ММФ, но за кои не е потребна финансиска подршка на оваа финансиска институција.

„Програмата подржана од ПЦИ има за цел одржување на макроекономската и финансиска стабилност и потикнување на напредок во реализацијата на амбициозниот план на структурни и на институционални реформи, заради потикнување на брз и инклузивен раст, отварање на нови работни места и подигање на животниот стандард“-објасни Џејмс Руф, шефот на делегацијата на ММФ.

Тој оцени дека макроекономските перспективи на Србија се добри, да има постигнато раст од 4,6% во првиот квартал и дека очекува да тој достигне најмалку до 3,5% годинава,како и дека инфлацијата е и понатаму ниска, со проценка дека до крајот на 2018 година таа ќе изнесува околу два проценти, благодарејќи на одговорната монетарна политика на Народната банка на Србија.

Спред Руф, целта на ММФ со Србија од 2019 година е низок вкупен дефицит, што ќе доведе до намалување на јавниот долг на ниво под 50% на БДП до крајот на програмата и ќе обезбеди простор за зголемување на капиталната потрошувачка, како и за намалување на одредени порески намети на стопанството.

Руф оцени дека постои простор и за укинување на привремените мерки на намалување на пензиите, како и за преминување кон нов систем на заработувачките во јавниот сектор, со напомена да не се зголеми вкупната маса на пензии и плати во БДП.

Претходниот тригодишен аранжман од предострожност на Србија со ММФ истече во февруари годинава, кој беше во вредност од оклу 1,2 милијарди евра, но Србија не го користеше овој заем.

На пресс конференцијата по постигнување на новиот договор со ММФ, српскиот министер за Финасии Синиша Мали изјави дека законот за привремено намалување на пензиите потполно ќе биде укинат до крајот на годината, како и дека е договрено зголемување на платите во јавниот сектор за износ кој ќе биде утврден во септември, во зависност од состојбата на буџетот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2018 15:15