Традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“ која има за цел поширока јавна промоција и афирмација на врвните постигнувања на средношколците, денеска ќе се одржи во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ќе се сретне со 27 матуранти првенци на генерацијата (2014-2018 и 2015-2018) од 22 скопски средни училишта и ќе им врачи признанија и парични награди.

Организатор на манифестацијата е Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, а под покровителство на градоначалникот Шилегов.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2018 15:16