По силното невремето кое попладнево го зафати Скопје, подвозникот на улицата „Јордан Мијалков“ не беше прооден за возила.
ЈП „Водовод и канализација“-Скопје информира дека нивните екипи се на терен и оти за кратко ќе го оспособат коловозот за непречено движење на возила.
Скопје попладнево повторно го зафатено силно невреме со пороен дожд, ветер и град. Поплавени се сообраќајници, а дополнително ќе биде утврдено дали има материјална штета.
Од УХМР за МИА соопштија дека дуваше ветер со брзина од 65 километри на час. Невремето засега е ограничено само на скопскиот регион.
Слично невреме во Скопје имаше и во саботата.