Цената на биткоинот го достигна минимумот, бидејќи оваа криптовалута падна за 400 долари во последните неколку часа. Биткоинот моментално вреди помалку од 6.500 долари.

Ценовниот колапс на биткоинот доаѓа како последица на хакерски напад во текот на оваа недела, што резултираше со огромна продажба и се совпадна со новото истражување кое сугерира дека вредноста на биткоинот е вештачки надувана во 2017 година.

Падот во 2018 година се должи на константната загуба на вредноста на криптовалутата од моментот кога биткоинот падна на рекордни 20.000 долари на крајот од минатата година.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2018 02:25