Детроит Пистонс го ангажираа Двејн Кејси за нов главен тренер.

Претходно Кејси беше тренер на Торонто Репторс, кои ги водеше од 2011 година.

Иако во регуларниот дел од сезоната Репторси имаа одлични резултати и беа првопласирана екипа на Источната конференција. Сепак, во полуфиналниот плејоф загубија од Кливленд со 4:0, по што уследи и отказ за 61-годишниот кошаркарски експерт.

Меѓутоа, Кејси не чекаше долго за нов ангажман и сега ги презема Детроит Пистонс, кои ја ја прекинаа соработката со Стен ван Ганди.

Детроит и Кејси договорија петгодишна соработка. Тој досега ги водеше јапонскиот Исузу, Минесота Тимбервулфс и Торонто Репторс.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2018 02:58