Во договорот постои решение за државјанството, бидејќи не можеме да им го забраниме правото на соседите да се самоопределуваат како Македонци, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ.
- Овој договор тоа што го прави е да не го потценува правото на самоопределување, тоа не можеме да го направиме. Не можеме да им забраниме да се самоопределуваат како Македонци, истакна Ципрас и објасни дека во договорот терминот „Македонци“ не се однесува на историјата на грчката Македонија.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчкиот премиер коментираше дека опозициите во двете земји имаат идентични позиции, дури и изјавите им биле исти, додека, пак, во однос на ставот на коалицискиот партнер во грчката Влада, Ципрас нагласи дека Панос Каменос го известил дека ќе си го задржи почетниот став и нема да гласа за договорот, но и нема да ја урне Владата.