Најтрофејниот европски кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ ја освои 40. титула во кариерата, откако синоќа со својот тим Фенербахче стана шампион на Турција.

За Србинот ова беше 16. трофеј во националните првенства (4 Фенербахче, 1 Партизан и 11 Реал Мадрид) и вкупно 40.

Од друга страна за Фенербахче трофејот е четврти во низа, а до него се дојде по 4-1 во финалната серија од турскиот плејоф против Тофаш. Синоќа во последниот меѓусебен дуел, Фенер во Истанбул победи со 94:64.

Воедно Фенербахче со вкупно 12 шампионски трофеи му се доближи на Ефес кој има 13 и се уште е најтрофеен турски клуб.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2018 10:30