Мачорот Ахил во музејот Ермитаж во Санкт Петербург типуваше на Русија за првиот натпревар од годинешното Светско фудбалско првенство, во кој се среќаваат домаќинот и Саудиска Арабија.

Пред него беа поставени две чинии со храна, означени со знамињата на двете земји. Ахил се двоумеше, но на крајот отиде кај чинијата со знамето на Русија, па како награда доби и руски дрес.

- Тој ја сака својата татковина и не можеше да донесе поинаква одлука, рече потоа ветеринарката вработена во музејот, Ана Кондратева.

Ахил стана популарен минатата година кога, за време на Купот на конфедерации во Русија, кога успешно погоди неколку победници.

За разлика од Ахил, лемурот Спартак во Зоолошката градина во Екатеринбург се обложи на Саудиска Арабија.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2018 12:07