Роботот наречен „Бакстер“ ќе ги предвидува резултатите од сите натпревари на Светското првенство во Русија, објави „ТАСС“.

Организаторот ќе подготви летоци со имињата на тимовите, како и натпис со нерешен резултат во посебни контејнери, кои роботот по анализа со помош на вградена, ќе го избере ливчето.

Првата прогноза Бакстер ќе ја направи денеска во пресрет на првиот натпревар на Светското првенство, на кој домаќинот Русија ќе се сретне со Саудиска Арабија (почеток 17 часот).

Роботот прогнозата ќе ја направи во 15 часот, два часа пред почетокот на дуелот.

Бакстер веќе бил вклучен во прогнозирање на средбите од Купот на конфедерации пред една година. Тој тогаш точно погоди исходи на неколку натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2018 14:00