„Самсунг“ на почетокот на годината ги објави своите планови да прозведе паметен звучник со интегриран виртуелен асистент „Биксбај“, чија промоцијата би се одржала во втората половина на 2018 година.
Досега немаше дополнителни информации за уредот, но „ЛетсГоу Дигитал“ открил патент од „Самсунг“, кој можеби претставува сличен уред.
Пријавата е поднесена во ноември и вклучува дијаграми на паметен звучник, кој ќе има компактен дизајн и ќе личи на робот. Кога командата е издадена од страна на корисникот, неговиот горен дел ќе ротира.
Камера за откривање на лице исто така ќе биде интегрирана на врвот на екранот. Ќе бидат достапни и најмалку седум микрофони за препознавање глас и звук. Импресионира и присуството на екран на допир кој ќе се користи за интеракција и репродукција на информации.
Паметниот звучник ќе поддржува ЛТИ, Ви-Фи, Блутут, НФЦ, Џи-Пи-Ес, а најверојатно уште У-Ес-Бе и ХДМИ опции за поврзување. Постои, исто така, мала можност за вклучување со приближување на прст или електронско пенкало.
Се разбира, се уште не е јасно дали овој дизајн ќе биде зачуван, како и опишаните функционалности. Можно е звучникот со „Биксбај“ да биде претставен со новото засилување во серијата паметни телефони „Галакси Ноут“ во август.