Во наредните пет години роботи ќе заменат 10.000 вработени во една од најголемите банки во САД - „Ситибанк“, соопшти претседателот на оваа финансиска институција, Џејмс Форес.
- Имаме 20.000 оперативни позиции. Во следните пет години можеме да ги намалиме на 10.000, изјави Форес.
Според него, као што јави „Фајненшал тајмс“, автоматизацијата подложи на технологии и операции кои вклучуваат речиси 40 отсто од вработените во банкарскиот оддел на „Ситигруп“. Форес ги опишува овие позиции како „најсоодветни за машинска обработка“.
Заедно со тоа, други менаџери на големи банки откриваат слични планови во изјави за „Фајненшл тајмс“. Така на пример, според Ричард Гнод, главен извршен директор на „Голдман Сакс“, нема причина да се стави крај на зголемувањето на автоматизацијата.
- Денес постојат многу функции што и се доверени на технологијата и не разбирам зошто овој процес треба да заврши наскоро, коментира Гнод.
Претходно на конференција во Франкфурт, главниот извршен директор на „Дојчебанк“, Џон Крајан најави дека повеќето вработени во банката ќе бидат заменети од роботи и други технологии, бидејќи компанијата сака да одржува „револуционерен дух“ движејќи се напред.
- Во нашата банка постојат луѓе кои се однесуваат како роботи што вршат механички активности. Утре ќе имаме роботи што ќе се однесуваат како луѓе. Треба да најдеме нови начини да ги користиме луѓето и, ако е можно, луѓето да најдат нови начини да си го трошат времето. Чесен одговор е, дека ние немаме потреба од толку многу луѓе, нагласи Крајан.