Трошоците во светот за технологиите и услугите за трансформација на дигитални бизниси ќе се зголемат за 16,8 отсто оваа година.

Ако во 2107 година тие биле 958 милијарди долари, во 2018 година тие би надминале 1,1 трилиони долари, тврди аналитичката компанија ИДЦ.

Повеќето од трошоците за дигитална трансформација доаѓаат од претпријатијата за дискретно и континуирано производство. Покрај тоа, компаниите во секторот ги утврдија приоритетите, програмите и сценаријата за реализација на проектите.

ИДЦ очекува производствените компании да потрошат повеќе од 333 милијарди долари за решенија за дигитална трансформација. Ова е околу 30 отсто од вкупните трошоци на таквите проекти во светот оваа година.

Од аспект на технологијата, како најголeми трошоци се дефинираат апликациите, комуникациските услуги и ИТ услугите, бидејќи производителите градат свои сопствени платформи за да ја одржат конкурентноста во дигиталната економија.

Главните цели и приоритети во производствениот сектор се поврзани со воведувањето на паметни технологии кои вклучуваат оптимизација на материјали, интелегентно управување со средства и автономни операции.

Во тековната година, дискретно и континуирано производство ќе инвестира над 115 милијарди долари во „паметна“ технологија. Цената на развојот на иновациите ќе биде главно поврзана со дигиталната оптимизација на каналите за снабдување, која ќе апсорбира 28 милијарди долари.

Многу компании се уште се во рана фаза на нивниот пат кон дигитална трансформација, фокусирајќи се на подобрување на постојните процеси и ефикасност. Со транзицијата кон понатамошни фази на развој, трошоците за подобрување на работењето и создавање на нови производи и услуги ќе станат приоритет, забележува ИДЦ.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2018 03:16