Иран во последните секунди од натпреварот против Мароко стигна до минимална победа од 1:0 во групата Б на Светското првенство во Русија.

Мароканскиот фудбалер Азиз Бухадуз постигна автогол во 95 минута, откакосо глава погоди во сопствената мрежа.

Двете репрезентации во текот на натпреварот имаа по неколку шанси.

Мароканците имаа поголема контрола на теренот, но Иран се покажа опасен во контранападите.

Натпреварот беше во голема мера рамноправен натпревар за што говори и статистиката од средбата.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2018 04:47