Рекордна посетеност беше забележана на стадионот „Фиш“ во Сочи на натпреварот од „Ц“ групата помеѓу Португалија и Шпанија, кој заврши со 3:3. На стадионот присустувале 43.866 гледачи.

На „Фиш“ се одржаа церемонии за отворање и затворање на Зимските олимписки игри во Сочи, со околу 40.000 гледачи. Околу 39.000 пак присуствуваа на контролната на Русија и Белгија на крајот од март минатата година.

Стадионот беше изграден специјално за Зимските олимписки игри во 2014 година, а потоа беше реконструиран поради Светското првенство.

Во моментов има капацитет од 44.287 места. Ова значи дека минатата ноќ, на дуелот Португалија - Шпанија, имало само 421 слободни места.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2018 19:16