Франција забележа многу тешка победа на стартот на СП во Русија, откако во Казан успеа да го победи аутсајдерот Австралија со 2:1.

Во 58-та минута Гризман беше прецизен од пенал, откако претходно беше „консултиран“ ВАР системот и така им донесе предност на „петлите“.

Резултатот сепак беше изедначен само четири минути потоа, откако Умтити играше со рака во својот шеснаесетник и судијата досуди пенал и за „кенгурите“. Зад топката застана капитенот Миле Једињак, кој постигна гол.

Успехот за Французите беше донесен од Погба, кој постигна гол во 80-тата минута и на тој начин ги донесе скапоцените три бода на својата татковина. И за овој гол на „петлите“ беше искористена технологијата за гол линија, откако топката влезе со целиот обем зад грбот на голманот на Австралија, а потоа излезе надвор и заврши во рацете на Рајан.

По овој натпревар, Франција е лидер во групата Ц.

Од 18 часот во истата група играат Перу и Данска.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2018 19:29