Тренерот на Австралија, Берт ван Марвијк, го прокоментира првиот натпревар на неговиот тим на Светски куп против Франција. „Кенгурите“ играа солидно и имаа активен резултат 1:1 до 80-тата минута, кога Погба ја донесе победата на Франција. - Да изгубиш со толку среќен гол е фрустрирачки. Сепак треба да се гордееме од начинот на кој игравме против еден од најдобрите тимови во светот. Имаше една ситуација пред да стане 2:1, кога наш фудбалер беше фаулиран во почетокот на ветувачки напад. Да, францускиот фудбалер доби картон, но шансата ни беше залудно потрошена. Резултатот не е фер. Заслуживме барем реми, рече Холанѓанецот.